Интернационален ден за скрининг на новороденчиња

Интернационален ден за скрининг на новороденчиња

Денес е интернационален ден за скрининг на новороденчиња. Исто така денес е ден на фенилкетонурија. Затоа денес повторно потсетуваме дека во Република Северна Македонија нема скрининг за фенилкетонурија и други метаболни болести за сите новороденчиња на територија на нашата земја.

Болеста фенилкетонурија секаде во светот е како задолжителен скрининг за сите новородени, некаде и со дополнителни метаболички болести за кои е важно да се откријат веднаш при самото раѓање. Во регионот ние сме единствената земја каде овој скрининг се прави само на дел од новородените. Од просечно 20 000 новородени годишно, кај нас се прави скрининг на 2000 или на 4000, зависно од финансиските средства во програмата за скрининг на новороденчиња.

Доколку болеста фенилкетонурија не се открие веднаш, туку на 2 месеци, 6 месеци, година или две, тогаш веќе има застој во развој и ментално и физички. Затоа е важно да се спаси животот на овие деца и на нивните семејства. Со рано откривање имаат нормален живот и не се потребни никакви социјални услуги дополнително од државата.

Начела за скрининг на новороденчиња од Европската Организација за ретки болести преведени на македонски јазик се достапни на следниот линк:

Начела за скрининг на новороденчиња

Повеќе информации за болеста фенилектонурија на следниот линк:

Брошура за фенилкетонурија

Повеќе за Интернационален ден на фенилкетонурија на следниот линк:

International PKU Day – June 28th

Other Posts

Новости

Пиши ни

Sending your message...