Соопштенија

Category Archives

Предавања за ретки болести со Црвен Крст на Општина Гази Баба

Се одржаа предавања за наставниот кадар од следните училишта: Вера Јоциќ, Наум Наумовски Борче,  Дане Крапчев, Крум Тосев. Организацијата на истите беше на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Гази Баба.


Соработката со училиштата беше на високо ниво и на дел од предавањата присуствуваа и самите директори, педагог, психолог од училиштата.

Наставниот кадар се здоби со знаење и информации за како подобро да им помага и да ги поддржува семејствата кои се соочуваат со ретка болест или со одредена попреченост и/или дисфункционалност.

Она што го забележавме беше дека во секое училиште имаше од 1 до 3 луѓе кои имаат некаков контакт со ретка болест. Имаше доста прашања и дискусија и размена на контакти со цел да се поддржат семејствата кои се соочуваат со ретка болест.

Се надеваме и понатаму да ја продолжиме соработката и да се реалзираат и дополнително настани за подогнување на јавната свест за ретките болести во Општина Гази Баба.


Новости во Линија за помош на семејства со ретки болести

Чест и задоволство ни е во Новата година да соопштиме дека во тек на 2019 година преку Линијата за помош за семејства со ретки болести обезбедивме психолошка и психотерапевтска поддршка за семејствата со ретки болести.

Линијата за помош на ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ е отворена комуникација на телефон, е-маил, Фејсбук, Вајбер, состаноци лице во лице, средби на семејства … линијата за помош е за информативна поддршка, за насочување и поддржување на пациентите за остварување на нивните права во однос на здравствени и социјални услуги …

Од Јануари, 2019 година потпишавме договор за соработка со НЕОКОРТЕКС – Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација со цел да понудиме: индивидуални психотераписки сесии, партнерска терапија и советување, семејна терапија и советување, психолошко советување за родители, психолошко тестирање со изработка на наод и мислење, и други услуги кои им се потребни на семејствата кои се соочуваат со некоја ретка болест.

Изјава Весна Алексовска, претседател на ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ:

„Поддржувајќи ги пациентите во изминатите десет години, свесни сме дека е потребна психолошка поддршка не само за пациентите, туку за целокупните семејства, бидејќи ретката болест не  е товар само на тој што ја има туку на целото семејство. Затоа решивме дел од средствата добиени од Фондација Трајче Мукаетов во 2018 година да ги насочиме токму кон обезбедување на бесплатни психолошки и психотераписки услуги за семејствата со ретки болести. Во 2019 година граѓаните кои се соочуваат со ретка болест може да се обратат директно до НЕОКОРТЕКС до M-р Ивана Хаџиванова (Психолог, психотерапевт, тренер, (076 496 496), да си закажат термин и да ја добијат поддршката која им е потребна. Се надеваме дека достапноста на услугата и гарантираната анонимност ќе придонесе кон поголема помош и поддршка за семејствата со ретки болести и подобрување на нивниот квалитет на живот. Иако започнуваме во Скопје, до крај на година ќе се одржи и работилница за и психолози од други градови да се обучат за работа со семејства со ретки болести, да се споделат искуства и да се помогне на сите на кооио им е потребно.“

Изјава, М-р Ивана Хаџиванова, Психолог, Психотерапевт, НЕОКОРТЕКС:

„Ми претставува голема чест и среќа, започнувањето на соработката со организацијата „Живот со предизвици“, кон која имам особена почит. Подготвена сум во годинава што е пред нас, да ја вложам својата хумана и професионална енергија и стручност, со цел подбрување на менталното здравје и психолошката состојба кај лицата со ретки болести и нивните семејства, воедно да бидам и дел  од поддршката во соочувањето со нивните животни предизвици.’’

2019 е годината во која ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ полни 10 години од своето постоење и ќе биде година полна со новости и настани за подобрување на квалитетот на живот на семејствата со ретки болести.

Ова се само дел од новостите во Линијата за помош за оваа година, наскоро пред Денот на ретки болести на 28 февруари, следуваат уште новости за услуги кои пациентите и семејствата ќе може да ги добиваат преку Линијата за помош, но следуваат и новости за соработка со доктори и организации на регионално ниво.

Весна Алексовска

Претседател на Здружение на граѓани за ретки болести,

ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ Битола

Тел: +389 (0)70 70 54 46

Е-маил: zivotsopredizvici@gmail.com

 

Информации за здружението:

 


Интернационален ден на Гоше / Македонија

За Интернационалниот ден на Гоше, здружението на граѓани за ретки болести планира средба на семејства, но и предавање за доктори во Тетово. Деталите во однос на настанот ќе бидат објавени околу 20 октомври.


Балканска средба за Алпорт Синдром / Охрид, 29 август/1 септември

Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со Предизвици“ од 31 август до 2 септември ја одржува Првата Балканска Средба за Алпорт Синдром, во Охрид, Македонија. Организацијата е на Гордана Лолеска, Весна Алексовска и Др Велибор Тасиќ. Отворањето запона со обраќање на мајка на дете со Алпорт Синдром, Министерот за Здравство и Градоначалникот на општина Охрид.

Изјава, Гордана Лолеска, активист во ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ, мајка на дете со Алпорт синдром, организатор на конференцијата:

Драго ми е што денес се присутни и институции и пациенти и доктори, затоа што заедно можеме да направиме повеќе за семејствата кои се соочуваат со ретка болест како Алпорт Синдром. Се надевам дека семејствата ќе имаат можност во текот на овие три дена да разговараат и искрено да прашуваат сѐ што сакаат да знаат за Алпорт синдром. Како мајка на дете со Алпорт знам што значи да ти се сруши светот пред нозе кога ќе добиеш дијагноза со која не знаеш што да правиш затоа што нема лек. Останува да носиме надеж дека ќе има нови клинички истражувања и лекови кои ќе го продолжат и подобрат животот со Алпорт Синдром.

Изјава, Венко Филипче, Министер за Здравство на Р. Македонија:

Сметам дека само на вакви состаноци каде се пристуни сите засегнати страни може заедно да се направи многу повеќе и да се добијат добри резултати. Докторите и експертите треба секогаш да им се на располагање на пациентите, а исто и инстититуциите. Ќе се обидеме да го надградиме животот на сите пациенти, граѓани во нашата земја. Со здруженијата за ретки болести започнавме соработка уште пред година дена, каде имавме состаноци на кои искрено се ставија на маса сите проблеми и предизвици. Дел од работите ги завршивме, а на дел уште работиме. Електронскиот регистар е направен, три нови лекови се набавени. Сега работиме на подобрување на дијагностика на ретки болести, и на донесување на нови лекови. На состанок со Министерот за финансии побаравме поголем буџет за здравство, и воедно за ретките болести. Исто така работиме на специјален фонд со Стопанска комора за креирање дополнителни средства за лекови за ретки болести.

Изјава, Константин Георгиевски, Заменик Градоначалник на Охрид:

Горди сме што кај нас се случува една ваква Балканска средба и тука сме да го поддржиме секој процес на соработка. Убеден сум дека во овие три дена, моите ценети колеги и експерти ќе понудат знаење и нови информации кои ќе им бидат од корист на пациентите и семејствата со Алпорт Синдром, но и воедно ќе си разменат и искуство и меѓусебе за понатамошно подобрување на третманот на Алпорт Синдром во Македонија. Ви посакувам пријатен престој во најубавиот град кај нас, Охрид.

Изјава, Весна Алексовска, претседател на здружението:

Кога прв пат ја запознав Гордана Лолеска знаев дека тоа е мајка која ќе се бори не само за болеста на своето дете, туку за сите деца со ретки болести и тоа и го направи. Со неизмерен ентузијазам Лолеска одржа многу различни настани низ Охрид за подигнување на јавната свест за ретките болести, а издејстувава и да се креира поштенска марка за ретките болести. Се надевам дека ќе се охрабрат и други семејства со ретки болести да бараат подобрување на квалитет на живот затоа што сите граѓани заслужуваат шанса за подобрар живот. Алпорт синдром е болест за која моментално нема лек, но се истражува и се надевам дека кога ќе се одобри иститот ќе биде за брзо достапен и кај нас. Мора да се стремиме кон системски, долгорони решенија кои ќе придонесат да се подобри пристап до рана дијагноза, ран третман и нега, и контрола и следење на болестите без разлика дали се ретки или чести.

Ситуација на ретки болести во Македонија моментално:

Со изработка на регистарот и зголемување на финансиите во програмата за ретки болести во 2015 и 2016 година се овозможи набавка на над 29 лекови за над 15 различни дијагнози кои до сега беа недостапни за пациентите со ретки болести. 2017 година беше година во која ништо не се случи на поле на ретките болести. 2018 година го добивме електронскиот регистар за ретки болести кој би требало да олесни регистрација и следење на пациенти, но и следење на количини на лекови. Оваа година конечно после 7 месеци стигнаа и 3 нови лекови во програмата за ретки болести. Апелираме да не траат долго тендерските постапки (7 месеци е навистина неочекувано долго време за било каков тендер). Решавањето на недостатокот на лекови кај ретките и другите болести со итни тендерски постапки не е долгорочно решение кое го посакуваме. Недостатокот на лекови и очекувањето на набавки е дополнителен стрес и за пациентите и за семејствата. Очекуваме да се набават лекови за Спинална Мускулна Атрофија како што беше ветено и орална терапија за Гоше пациентите, дополнително потребни се и лекови за пулмонална фиброза, за конгенитална адренална хиперплазија се потребни таблети Fludrocortison, за Душен и Бекер мускулна дистрофија и други. Секогаш има нови дијагнози, а се истражуваат и се одобруваат и нови лекови во ЕУ и САД.

Од ФЗОМ сѐ уште очекуваме и одобрување на рефундација за посебни завои и фластери за Епидермолисис Булоса, иако истите беа ветени уште во 2016 година во февруари. Исто така се надеваме дека ќе има слух во ФЗОМ да се стават во ортопедски помагала и машини кои помагаат во дишење (за пациентите чии дишни органи откажуваат и не може самостојно да се одржуваат во живот).

Секако останува и важноста на добивање на дијагноза, за што сѐ уште не постои рефундација од ФЗОМ или од Министерство за Здравство и очекуваме тоа набрзо да се оствари. Во комуникација со МАНУ и МЗ се надеваме што побрзо да се разрешат финансиските пречки за добивање на дијагноза во Македонија и надвор од неа.“

Благодарни сме на сите што нѐ поддржале до сега и ја продолжуваме соработката и понатаму. Се надеваме дека ќе придонесеме како здружение за иднината за луѓето со ретки болести да биде иднина која ја посакуваат.


Прв Блкански Состанок за Алпорт Синдром

Прв Блкански Состанок за Алпорт Синдром

31 август – 2 септември, 2018, Охрид, Македонија

Програма за средба на семејства со Алпорт Синдром

Организационен одбор: Проф. Д-р Велибор Тасиќ, Весна Алексовска, Гордана Лолеска

 

31 август, петок, 2018

  • Пристигнување на учесниците до 13.00 часот
  • 13.00 – 14.00 часот – ручек
  • 15.00 – 15.30 – Отворање
    • Весна Алексовска и Гордана Лолеска, Живот со Предизвици
    • Г-дин Венко Филипче, Министер за Здравство
    • Г-дин Јован Стојаноски, Градоначалник на Охрид
  • 15.30 – 15.50 Д-р Лизбет Сидериус, Холандија, Ретки болести во земји во развој, предизвици и можности
  • 15.50 – 16.00 Весна Алексовска, Ретки болести во Македонија од 2009 до денес
  • 16.00 – 16.30 Д-р Александра Јанчевска, Д-р Велибор Тасиќ, Д-р Лилјана Тасевска Р,мус: Основи на генетско тестирање
  • 16.30 – 17.00 – кафе пауза
  • 17.00 – 17.40 Д-р Јулија Хофел, Германија Гентика на Алпорт Синдром – Молекуларни резултати од пациенти од Македонија
  • 17.40 – 18.00 Патрик Вокер, Алијанса на Алпорт синдром, Велика Британија, Градење на интернационална соработка
  • 8.00 – 18.20 – кафе пауза
  • 18.20 – 18.40 Д-р Душан Милковиќ, Србија, Алпорт Синдром во Србија
  • 18.40 – 19.00 Д-р Данко Милошевиќ, Хрватска, Алпорт синдром во Хрватска
  • 19.30 – 21.30 часот – вечера

1 септември, сабота, 2018

  • 8.00 – 9.00 часот – доручек
  • 9.00 – 11.00 часот – Средба со експертите
    • 9.00 – 9.30 – Д-р Јулија Хофел: дијагностички рпедизвици кај Алпорт синдром
    • 9.30 – 10.00 Д-р Лизбет Сидериус: како пациентските организации работат во Западна Европа
    • 10.00 – 10.10 Д-р Велибор Тасиќ: Дали фамилиална бенигна хематуриа е настина бенигна?
    • 10.10 – 10.40 Д-р Татјана Зорчец: Психлошка поддршка за Алпорт семејства
    • 10.40 – 11.00 Д-р.М-р.Сци. Ана Момировска, Македонија, Преглед на резултати на Алпорт синдром преку молекуларно тестирање
  • 11.00 – 11.30 часот – кафе пауза
  • 11.30 – 13.00 часот
    • 11.30 – 11.50 Проф. Невенка Лабан Гучева, Македонија, Офтамолошки промени кај Алпорт Синдром
    • 11.50 – 12.10 Д-р Ирена Дума, Аудитивни промени Алпорт синдром
    • 12.10 – 12.30 Д-р Војислав Радулов, Аудитивни помагала (технички аспект)
    • 12.30 – 13.00 Д-р Татјана Зорчец, Македонија, Психолошка поддршка кај деца со хронична бубрежна болест и Алпорт синдром
  • 13.00 – 14.30 часот – ручек
    • 14.30 – 14.50 Д-р Данка Покрајац, Босна и Херцеговина, Алпорт Синдром во Босна и Херцеговина
    • 14.50 – 15.10 Д-р Велибор Тасиќ, Македонија, Алпорт синдром во Македонија
    • 15.10 – 15.30 Д-р Галија Златанова: Алпорт синдром во Бугарија
    • 15.30 – 15.45 Проф. Д-р Јован Нешковски, Македонија, Извештај за семејство од Гостивар со Алпорт синдром
    • 15.45 – 16.10 Д-р Ирена Бусљетиќ, Трансплантација кај Алпорт синдром
    • 16.10 – 16.30 Здружение Нефрон: Важноста на донација на органи
  • 30 – 17.00 часот – кафе пауза
  • 1716. – 18.00 часот – Лични приказни
    • Искуство од учество во раната студија за заштита
    • После загуба на бубрег
    • Успешна трансплантација на бубрег

2 септември, недела, 2018

  • 08 – 9.00 часот – доручек
  • 09 – 9.20 -Гордана Лолеска: Клинички истражувања и лекови за Алпорт – дали се достапни за пациентите во Македонија
  • 09.20 – 9.40 Д-р Наташа Стајиќ и Д-р Јована Пуник, Алпорт Синдром – Искуство од Институтот за мајки и деца во Белград
  • 09.40 –-10.00 Гордана Ломиќ, Алпорт Сундром – Искуство од Универзитетската педијатриска клиника во Белград, Србија
  • 10.00 – 11.00 Сите учесници: Заклучоци и визија за иднината
  • 11.00 – Кафе и заминување на учесниците

Известување за права од задолжително здравствено осигурување за деца со малигни заболувања посебни потреби и нивните родители

Документот  може и да го симнете овде: Права ФЗОМ


Ретките болести на Охрид Трчат

На 3 јуни, во недела, на Охрид ТрчаТ повторно трчаме на нов настан но со стара цел! Подигнување на јавна свест , навремена и бесплатна дијагноза,пристапност и достапност на лековите за пациентите со ретки болести!

Тимбилдингот на лицата со ретки болести на Охрид трчаТ оваа година е најброен !

Околу 60 учесници меѓу кои и сами пациенти со ретки болести и нивни семесјства и поддржувачи ке трчаат за да ја дадат поддршката!

Оваа активност е во организација на активист  на здружението на граѓани за ретки болести Живот со Предизвици, Гордана Лолеска во соработка со здруженија и фирми од Охрид и општина Охрид.

Охрид трчаТ викенд претставува спортски промотивен настан при што главна цел ни е да направиме спој помеѓу трчањето, движењето, спортот, квалитетната исхрана и здравиот начин на живот.Охрид трчаТ викенд ќе се оддржува на неколку локации и во него ќе бидат вклучени неколку трки од професионален и рекреативен карактер, при тоа задоволувајќи го апетитот на повеќе социјални групи и тоа: професионални атлетичари, децата од училиштата, децата од градинките, родители, рекреативци и лица со попречености. Главните трки кои ќе се одржат на 3-ти јуни 2018 година се: градска трка 10.000 метри и рекреативна трка 5.000 метри.


Изјава Гордана Лолеска, активист во Живот со Предизвици

„За лицата со ретки болести ќе трчаат професионалци, но и самите лица, како и нивните родители. И професионалците, но и граѓаните ја поддржаа нашата идеја да трчаат за лицата со ретки болести и на тој начин да помогнат во подигање на јавната свест за проблемите и потребите на овие лица.За прв пат на Охрид трчаТ ке присуствуваат пациенти со 7 ретки дијагнози.

Тимот на ретките болести е поддржан и од министерот за здравство Венко Филипче, министерот за финансии Драган Тевдовски министерот за информатичко општевство и технологија како и дршавниот секретар при министерството за надворешни работи Виктор Димовски

 

Изјава – Весна Алексовска, Претседател на Живот со Предизвици

„Гордана Лолеска е еден од нашите најактивни членови во здружението, организирајќи настани за подигнување на јавната свест во Охрид, но и покренувајќи ја постапката за креирање на поштенска марка за ретките болести. Овој настан е уште еден во низата на настани за подигнување на јавната свест за ретките болести, за да се потсетиме дека на семејствата им треба поддршка, им требаат соодветни здравствени и социјални услуги.

Ретките семејства се такви, секој подава рака на другиот, затоа што знаеме сме свесни за товарот кој го носиме. Почнувајќи од проблемите за добивање дијагноза, па продолжувајќи со потрага по информации, по третман, по контрола на болеста која ја носиме доживотно. Веќе се направени првите чекори кон подобрување на нашиот живот. Министерот Бујар Османи во 2009 година ја донесе Програмата за ретки болести (1 болест, 3 пациенти), Министерот Никола Тодоров ја зајакна финансиски, ја прошири за 30 лекови и 18 дијагнози, и започна регистар на ретки болести во 2015 година. Министерот Венко Филипче додаде три нови лекови оваа година. Очекуваме решение и за другите потребни терапии, но и за можноста за дијагноза, очекуваме да се следи план кој ќе ни донесе подобра иднина.

Остануваме на нашите барања и ги дополнуваме според потребите на пациентите и семејствата кои се соочуваат со ретки болести. Сите ние заслужуваме подобро здравство и подобро општество. Заслужуваме подобар живот. Како здружение ќе продолжиме соработка со многу други организации кои работат во обалста на зздравство и со здружени сили ќе бараме долгорочни решенија за подобрување на здравствени услуги, нега и третман.“

 

Настанот се реализира во соработка со:

Охрид трчаТ

Целокупниот настан е поддржан од:

Гензиме – Санофи Авентис, Целгене Интернационал, Фајзер, Хофман ла Рош, Биомарин, Новартис, Медис.  Општина Охрид


Живот со Предизвици на Скопје Маратон

Здружението на граѓани за ретки болести Живот со Предизвици ја продолжува традицијата на учество на Скопски Маратон и во 2018 година со заеднички сили со групата Скопско Ноќно Трчањe.

На 6 мај, 40 учесници пријавени од Скопско Ноќно Трчање ќе трчаат на 21 и 42 километри за Живот со Предизвици, а исто така ќе има и дополнително учесници и на трката од 5 километри. Гласот на ретките болести е посилен кога сме заедно.

Оваа активност се одржува за подигнување на јавната свест во однос на ретките болести во Македонија и предизвиците со кои се соочуваат луѓето со ретки болести и нивните семејства во секојдневниот живот. Благодарни сме на сите што нѐ поддржале до сега и ја продолжуваме соработката и понатаму. Се надеваме дека ќе придонесеме за иднината за луѓето со ретки болести да биде иднина која ја посакуваат.

Изјава – Весна Алексовска, Претседател на Живот со Предизвици

„Со изработка на регистарот и зголемување на финансиите во програмата за ретки болести се овозможи набавка на околу 30 лекови кои до сега беа недостапни за пациентите со ретки болести. Министерот Венко Филипче го одржа ветувањето од денот на ретки болести и на тековниот тендер има 3 нови лекови за ретки болести.

Сѐ уште има потреба од други лекови за новорегистрирани пациенти и за нови лекови како такви се Пулмонална фиброза, Јувенилен Артритис, биолошки лекови за авотимуни ревматолошки ретки (но и за чести) болести, потоа и за Душене и Бекер мускулна дистрофија не се достпани постоечки лекови. Исто така бараме и подобрување на квалитет на живот за пациентите со болест на Гоше со обезбедување на орална терапија наместо инфузионата терапија каде пациентите мора да одат на инфузија на секои две недели.

Од ФЗОМ сѐ уште очекуваме и одобрување на рефундација за посебни завои и фластери за Епидермолисис Булоса, иако истите беа ветени уште во 2016 година во февруари.

Она што во последно време е загрижувачко е дијагнозата. Имавме 3 случаи во последните два месеци и тоа на бебе од 4 месеци, на дете од 10 години и на возрасен човек каде не можеше да се постави дијагноза во Македонија и сѐ уште не е поставена истата. Нажалост не се рефундираат трошоци за потрага по дијагноза во странство ниту пак во Македонија доколку дјагнозата не е на листа на дијагнози кои ФЗОМ ги плаќа (односно се плаќа само партиципација). Апелираме што поскоро да се реши овој проблем затоа што без дијагноза не е можна ни терапија и пациентите и смеејствата живеат во неизвесност за својата иднина.

Продолжуваме со комуникација со Министерството за здравство, ФЗОМ, МАНУ и со Министерството за труд и социјална политика со цел да се овозможат соодветни услуги за семејствата со ретки болести, почнувајќи од дијагноза, продолжувајќи со добивање на соодветна информација, набавка на рана терапија, достапност на соодветни здравствени и социјални услуги за пациентите.. Секој човек заслужува да добие шанса за подобар живот. Само со заедничка работа преку добра комуникација може да се овозможи подобар квалитет на живот.“


Ден на ретки болести, 2018

Оваа година, 28 февруари, денот на ретките болести, Здружението на граѓани за ретки болести ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ Битола го одбележа со повеќе настани, во повеќе градови низ Македонија и тоа Битола, Охирд, Валандово, Гостивар, Струмица, Скопје …

Денот на ретките болести  е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести.  Од почетокот на Денот на ретките болести во 2008, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен, со учество од 94 земји од целиот свет во 2017. Темата за 2018 е истражување. Денот на ретките болести 2018 е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести.

Изјава, Весна Алексовска, претседател на Живот со Предизвици:

Денот на ретки за нас, пациентите и семејствата, кои се соочуваме со ретки болести е ден во кој ја потсетуваме јавноста што се направило до сега за нас и што треба да се направи за да може да загарантираме посреќна иднина за ретките семејства. Едно од најгорливите прашања се секако новите лекови, за новодијганостицирани и новорегистрирани болести. На листа на побарувања се лекови за Спинална мускулна атрофија, за пулмонална фиброза, за фамилијална амилоидна полиневропатија, за системска склероза, за мускулна дистрофија Душен и Бекер, за ретки ракови на хематологија и онкологија, за ретки автоимуни болести на ревматологија. Очекуваме дел лековите да се набават во најскоро можно време и да бидат дел од листата уште оваа година. За пациентите со Гоше посaкуваме и орална терапија да се набави со цел да им се олесни животот на пациентие со што наместо на две недели да доаѓаат на инфузија ќе може на 6 месеци да подигаат орална терапија која ќе ја примаат дома. За пациентите со јувенилен артритис бараме и лекот енбрел да биде достапен (до сега две други терапии се достапни преку програма и преку детска клиника). Очекуваме во центрите за социјала да се обучат вработени за ретките болести за да може соодветно да ги информираат семејствата кога ќе чукнат на нивната врата. Бараме да се подобри и дијагнозата одnoсно да се рефундираат средства за дијагноза во Македонија за болести кои не се вклучени на листа на ФЗОМ и ако нема можност да се добие дијагноза во нашата земја да се испратат соодвеетно материјали во лабораторија со која се соработува за да се стигне до дијагноза.

Ретко значи да талкаш по дијагноза од неколку месеци до над 10 години, ретко значи да знаеш дека има лек некаде таму во некоја друга земја, но ти го немаш затоа што е премогу скап, ретко значи да нема друг со твојата болест во твојот град ниту во твојата земја, па го бараш на Балкан и после во светот … ретко значи кога ќе го прашаш докторот за твојата болест тој да ја бара на интернет за да ти каже, ретко значи кога ќе ја споменеш болеста да мора да ја објаснуваш бидејќи луѓето мислат дека измислуваш, ретко значи секој ден да ти е исполнет со борба за да ги извршиш секојдневните обврски… ретко значи да си еден во илјадници и кога ќе најдеш други исти како тебе како да си го нашол второто семејство, ретко е кога не можеш да ја планираш иднината …

Од 20 до 25 февруари, понеделник, во Гостивар се одвиваше кампањата организирана од Јосиф Мишевски и Небојша Петрески, каде првата слика во боите на ретките беше направена во кабинетот на градоначалникот Арбен Таравари. Благодариме за поддршката на Гостивар и Прокам студио кои се нафатија да ги направат и објават сите фотографии од граѓаните на Гостивар кои сакаат да дадат поддршка за ретките.

На 26 февруари, понеделник, во Битола, на Плоштад Магнолија заедно со Хепар Центар Битола, се поделија едукативни материјали со цел подигнување на јавната свест за ретките болести и воедно сите граѓани имаа можност да го обојат своето лице во боите на денот на ретки болести и да покажат со тоа дека ги поддржуваат семејствата кои се соочуваат со ретки болести. Своја поддршка даде и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

Благодариме што Вино бар Буре ни дозволи да го користиме нивниот простор поради лошите временски услови. И многу сме среќни што добивме поддршка од Средното економско училипте Јане Сандански и од Гимназијата Јосип Броз Тито кои испратија 30 ученици да ги поддржат семејствата со ретки болести.

Со ваквата кампања покажуваме дека Денот на ретките болести е за секого – јавноста, пациентите со ретки болести, нивните семејства, негуватели, здравствени работници, истражувачи, компании и политичари. Не мора да сте директно погодени од ретка болест, секој може да се вклучи!

На 28 февруари во Охрид , во организација на Гордана Лолеска се случија повеќе настани за поддршка на ретките болести.  Основните и средните училишта од Охрид се вклучија во кампањата за подигнување на јавната свест за ретките болести со тоа што ја споделија својата креативност на социјалните мрежи. На 28 февруари во Охрид се реализираше марш за поддршка на лицата со ретки болести. Настаните во Охрид беа поддржани и од општината и градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски.

Во рамки на одбележувањето на Денот на ретките болести во Охрид, беше промовирана и химна насловена Сите сме исти, во изведба на најдобрите од талент шоуто Охрид СуперСтар. Химната е снимена во студиото Китрозон, музиката е на Јовица Каралиевски, текстот на Сашо Митан, а аранжманот на Јовица Каралиевски и Димче Китрозоски.

Хелен Дорон Центар се приклучи во одбележувањето на 28ми февруари Интернационалниот ден на ретките болести, како поддршка на ученичката Ива Хаџиманова, која се бори со конгенитална мускулна дистрофија (CMD). Оваа ретка болест е животно загрозувачка и за жал сѐ уште нема лек за нea. Соучениците на Ива за да ја искажат својата поддршка за нејзе,и сите деца кои се борат со разни ретки болести, со голема љубов ѝ подарија постер изработен од нивните вредни раце. #ShowYourRare #rarediseaseday #MyRare #CureCMD

Струмица и Валандово исто се приклучија кон Денот на ретки болести со помош на Љубица Проданова.

Под мотото “ Покажи ја својата реткост” (SHOW YOUR RARE) СОУ “Јане Сандански”од Струмица активно се вклучи во одбележувањето на Денот на лицата со ретки болести 2018.

И децата од Валандово ја покажаа својата поддршка

И премиерот Зоран Заев ја даде својата поддршка.

На 28 февруари во Скопје, во организација на Национална Алијанса за Ретки Болести на Р. Македонија и Живот со предизвици беше дел од настанот во ЕУ Инфо центар, во 10.00 часот. Прес конференцијата со говорници од институциите во Р. Македонија беше за да се потсетиме на тоа што е до сега направено за ретките болести и што треба да се направи во иднина за да се подобри животот на семејствата со ретки болести.

Им благодариме на сите што се приклучија во поддршка на лицата со ретки болести.

Настаните се поддржани од:

Искрено,

Весна Алексовска

Претседател на Здружение на граѓани за ретки болести,

ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ Битола

Тел: +389 (0)70 70 54 46

Е-маил: zivotsopredizvici@gmail.com ; vesna.stojmirova@gmail.com

 

Информации за здружението:

 

 


Ден на ретки болести 2018

Здружението на граѓани за ретки болести ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ Битола со помош на своите членови, поддржувачи, други организации, соработници и волонтери организира неколку настани во градовите во Македонија за одбележување на Денот на ретки болести.

На 19 февруари, во Гостивар започна кампања која ќе трае до 24 февруари со помош на општина Гостивар, Прокам студио, Небојша Петрески и Јосиф Мишевски.

На 26 февруари, со помош на Хепар центар Битола, организираме настан во Битола, на Плоштад Магнолија од 11 до 13.00 часот.

На 28 февруари во Охрид, Гордана Лолеска со помош на соработници и волонтери организира настани во Охрид. Прочитајте повеќе на – https://www.facebook.com/Retki-Bolesti-Ohrid-390287864742066/

На 28 февруари се приклучуваме на прес конференција во Скопје со Националната Алијанса за Ретки Болести на Р. Македонија, во ЕУ инфо центар, 10.00 часот.

 

Освен на настаните може да се приклучите во одбележувањето на овој ден – прочитајте како  – Флаер – Ден на ретки болести 2018

 


Page 5 of 12First...456...Last
Живот со предизвици е членка на дледниве организации: (iapo.org.uk), (eurordis.org), (eurogaucher.org), (mds-alliance.org), (www.worldpompe.org), (NARB Makedonija), (apo.org.mk),