Повик за абстракти – постер презентации, 7ма средба за ретки болести на Југоисточна Европа, 7-9 Јуни, 2019, Струга, Хотел Дрим

Повик за абстракти – постер презентации, 7ма средба за ретки болести на Југоисточна Европа, 7-9 Јуни, 2019, Струга, Хотел Дрим

Повик за абстракти – постер презентации

7ма средба за ретки болести на Југоисточна Европа, 7-9 Јуни, 2019, Струга, Хотел Дрим

Програмата за средбата е достапна на следниот линк:

7th Rare Diseases in South East Europe Meeting 7-9 June, 2019

Научни информации 

Официјалeн јазиk e англиски.

ПОВИК ЗА АБСТРАКТИ 

Организациониот комитет ги повикува авторите да ги поднесат абстрактите за презентација и вклучување во програмата.

ПОДНЕСУВАЊЕ

Абстрактите мора да се поднесат електронски  на следната адреса vtasic2003@gmail.com  не подоцна од 1 Maj 2019 година.

ОБЛИК 

Простор: Абстрактите мора да се напишани со големина 12, во Times New Roman, единечен проред на англиски и не треба да содржат повеќе од 300 зборови, вклучувајќи го и насловот, авторите, институцијата и содржината на абстрактот (Вовед, Методи, Резултати, Заклучок)

ПРИКАЗ

Наслов: Со големи букви, не подвлечени ниту болдирани. Не се идентификувајте себеси во насловот.

Автор(и): Не со големи букви. Напишете ги прво иницијалите или името, а потоа презимето. Само името на авторот кој ќе ја врши презентацијата мора да е подвлечено. Подвлечените имиња мора да се исти како назначените во адресата за кореспонденција.

Институција: Не со големи букви. Кога повеќе од една институција е наведена, ве молиме да ги идентификувате со горен индекс со бројки а не со симболи (пр. П. Томсон1, Г. Јанковски2, 1Универзитет во Лидс, 2Универзитет во Берлин, итн.)

Текст: Табели се прифатени само без линии и коцки. Користете само добро познати кратенки или објаснете ги кратенките првиот пат кога ќе се појават.

Услови: Материјалот во абстрактот мора да е оригинален и не смее да е претходно публикуван или презентиран на меѓународен состанок.

ПРИФАЌАЊЕ / ACCEPTANCE

Авторите ќе бидат известени за прифаќање или одбивање на абстрактите најдоцна до 20 Maj   2019 година.

E-ПОСТЕР ПРЕЗЕНТАЦИЈА 

Презентацијата на Електронските постери ќе биде направена на плазма екран за време на конгресот и ќе биде презентирана од страна на авторите за време на постер сесиите.

 

Организатори

ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ

Македонска Академија за Науки и Уметности

Македонско друштво за ретки болести

Универзитетска Клиника за Детски болести Скопје

 

Other Posts

Новости

Пиши ни

Sending your message...