info@challenges.mk | 070 705 446

2014

Monthly Archives

Трчаме за подобар живот – 2014

 

СООПШТЕНИЕ  

10366159_294682004027542_1264158210838223568_a

150 маратонци трчаа на 5, 21 И 42 километри на Скопски Маратон под мотото ТРЧАМЕ ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ

Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со Предизвици“, и оваа година се приклучи кон Скопскиот Маратон со група на учесници кои трчаа во име на пациенти и семејства кои се соочуваат со живот со ретки болести под мотото – „ТРЧАМЕ ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ!“.

pixel.mk-skopski-maraton-2014-2684

За групата „Трчаме за подобар живот“ трчаа 150 учесници, на трката на 5 километри, на полу – маратонот (21 километар) и на маратонот на 42 километри. Сите тие се луѓе кои сакаа да ја поддржат нашата мисија – остварување на правата за третман на пациентите со ретки болести, преку подигнување на јавната свест за животот со ретки болести во Македонија.

Во Македонија има над 25 различни ретки болести и над 500 пациенти кои боледуваат од ретка болест. За некои од овие болести постои третман и лекување, додека за други се уште сè истражува. Во Македонија лекување е обезбедено за одредени ретки болести, но има над 100 пациенти кои немаат никаква терапија и се соочуваат со ментален и физички дисабилитет и намален квалитет на живот. Со соодветна терапија, луѓето со ретки болести може да работат, да имаат семејства и да придонесуваат кон општеството.

DSC01223

На каузата се приклучија и ХАЕ Македонија, Здружение на Физиотерапевти на Македонија, ХЕМОЛОГ, МОМЕНТ ПЛУС и ДАЈТЕ НИ КРИЛЈА и средно училиште Јане Сандански – Штип.

 Поддржано од:

download   Celgene LOGO_moder

 

Информации за здружението:

Веб страна: http://challenges.mk/

Фесјбук страна: https://www.facebook.com/LifeWithChallengesi

Фејсбук група: https://www.facebook.com/groups/312483895490987/

Е-маил: zivotsopredizvici@gmail.com


Новости

Пиши ни

Sending your message...