„Прва ЦЕИ конференција за градење на регионална мрежа на организации за Ретки Болести“

„Прва ЦЕИ конференција за градење на регионална мрежа на организации за Ретки Болести“

Почитувани членови и соработници,

Здружението на граѓани за ретки болести Живот со Предизвици, ве поканува на „Првата ЦЕИ конференција за градење на регионална мрежа на организации за Ретки Болести“, на 23-24 Март, 2014, во Скопје, Р. Македонија.

Оваа конференција е проект кој ќе придонесе кон зајакнување на капацитетите на организациите и зголемување на вмрежувањето и комуникацијата помеѓу организациите за ретки болести во регионот на Централна Европа. Со оваа конференција ќе придонесеме кон подигнување на свеста во однос на ретките болести (во однос на јавност, институции и медицински професионалци).

Фокусот е на градење регионална мрежа на организации за Ретки Болести за зајкнување на лидерство во застапување и лобирање за правата на пациентите и споделување на информации за имплементација на Националните планови/стратегии за ретки болести во земјите од регионот.

Агенда

23ти Март, 2014, Хотел Порта, Скопје, Р. Македонија

10:00 – 10:30 ч.

Отворање на конференцијата

Весна Алексовска,Претседател на Здружение на граѓани за ретки болести Живот со Предизвици – Битола

Драганчо Апостоловски, NНационален Координатор за Македонија на Централната Европска Иницијатива (ЦЕИ): Презентација за ЦЕИ

10:30 – 10:45 ч.

Кафе Пауза

10:45 – 13:30 ч.

Ретките Болести во Регионот

Ања Кладар, Потпретседател на Хрватската Алијанса за Ретки Болести: Презентација за Орфанет – Хрватска

Николина Човиќ, Социјален работник во Хрватската Алијанса за Ретки Болести: Презентација за поддршка и социјална рехабилитација на пациенти со ретки болести

Тодор Мангаров, Претседател на Здружение на пациенти за Пулмонална хипертензија во Бугарија: Презентација за ситуација на ПХ пациенти во Бугарија

Марија Јолдиќ,Претседател на Управен Одбор на Национална Организација за Ретки Боелсти – Србија: Презентација за ситуацијата на пациенти со ретки болести во Србија

Јасминка Јездимировиќ,Претседател на Здружение за Ретки болести и дисабилитет во Србија: Презентација за ситуација на пациенти со Фенилкетонурија во Србија

, Босна и Херцеговина: Презентација за ситауцијата на пациентите со ретки болести во Босна и Херцеговина

Викторија Пенова,Пациент со ФОП: Презентација за живот со ФОП

Изјави од пацинети од Косово и Албанија

13:30 – 14:30 ч.

Пауза за Ручек

14:30 – 16:30 ч.

Застапување за права на пациентисподелување искуство

Власта Змазек, Членна Одбор на Директори на Европската Организација за Ретки Болести – ЕУРОРДИС: Презентација за ЕУРОРДИС

Ирена Жнидар,Член на Бордот на Директори на Европската Гоше Алијанса – ЕГА: Презентација за ЕГА

Фернанда Торквати,Претседател на Италијанската Организација за пациенти со Гоше: Презентација за зајакнување на пациентите

Нина Рацила,Претседател на Организација на пациенти со Гоше од Молдавија: Презентација за ситуацијата на пациентите со болест на Гоше во Молдавија

Сандра Павловиќ,Претседател на ДЕБРА, Србија: Презентација за ДЕБРА

Полона Закошек,Претседател на ДЕБРА, Словенија: Презентација за ДЕБРА

Дискусија

19:00 – 22.00 ч.

Вечера во Скопје со кратка прошетка / Стара Чаршија: Место на тргнување – во лобито на хотелот

Агенда

24ти Март, 2014, Хотел Порта, Скопје, Р. Македонија

10:00 – 10:45 ч.

Прес Конференција – Изјави за Медиуми

Весна Алексовска,Претседател на Здружение на граѓани за ретки болести Живот со Предизвици – Битола

Г-ѓа Маја Парнарџиева Змејкова, Директор на Фонд за Здравствено Осигурување на Р. Македонија

Проф. Д-р Аспазија Софијанова, Директор на Универзитетска Детска Клиника – Скопје, Претседател на Комисија за Ретки Болести на Р. Македонија

Проф. Дијана Плашеска Каранфилска, Македонска Академија за Наука и Уметност

Г-ѓа Катерина Алексоска, Директор на Биро за Лекови на Р. Македонија

Изјави од говорници на конференцијата / претставници на организации за ретки болести од земјите во регионот

10:45 – 11:00 ч.

Кафе Пауза

11:00 – 13:30 ч.

Третман и нега на пациенти со ретки болести

Д-р Вукашин Андриќ / Д-р Вулнет Ферати, Гензим, Санофи Авентис: Презентација на Програмата за Хуманитарна Помош и новости во третман на ретки болести

Г-ѓа Гордана Ленарчиќ, магистриран фармацевт, Менаџер за Медицински Работи,Целгене Интернационал: Презентација за иновација во третман на ретки болести

Д-р Бојан Вујковац: Презентација на Фабри Центар – Словенија

Асс. Д-р Билјана Чонеска Јованова, Универзитетска Детска Клиника Скопје, Оддел за Хемато-Онкологија: Презентација за Ензимска Субстициона Терапијакај пациенти со Тип 1 Гоше

Проф. Дијана Плашеска Каранфилска, Македонска Академија за Наука и Уметност: Презентација за Генетиката на ретките болести во ерата на новите секвенционирачки технологии

Проф. Д-р Зоран Гучев, Универзитетска Детска Клиника Скопје, Оддел за Ендокринологија: Презентација за третман на пациенти со Мукополисахаридоза (Хантер)

Проф. Д-р Велибор Тасиќ, Универзитетска Детска Клиника Скопје, Оддел за нефрологија: Презентација за Ретките Болести во Нефрологијата

Асс. Д-р Иван Милев, Специјална Болница за Хируршки Болести, Филип Втори, Скопје: Презентација за третман на пациенти со Пулмонална Хипертензија во Р. Македонија

Енрико Блумер,Презентација на специјален проект: Обезбедување на пристапност и достапност за пациенти со различни дисабилитети во Р. Македонија

13:30 – 14:00 ч.

Заклучоци и евалуација на конференцијата

14:00 – 15:00 ч.

Ручек и заминување на учесниците

Конференцијата е отворена за пациенти, медицински професионалци, членови на организации кои се застапуваат за правата на пациентите со ретки болести, претставници на институции.

Искрено,

Весна Алексовска

Претседател на Живот со Предизвици

cei logo           Celgene LOGO_moder       download

Other Posts

Новости

Пиши ни

Sending your message...