Ден на ретки болести Скопје, 2021

Ден на ретки болести Скопје, 2021

Промоција на поштенска марка за ретки болести во Скопје. Во месецот на ретки болести заедно со пошта на Северна Македонија организиравме промоција на поштенска марка за ретки болести. Првата Поштенска марка која се објави беше за деца со ретки болести, втората за Алпорт синдром и сега е третата по ред за болест на Гоше. Наредната веќе е извлечена од 100 болести и ќе ја објавиме во 2022 година. Прес конференцијата е достапна на видеото подолу. Оваа иницијатива е на Гордана Лолеска.
Учествувавме со говор на предавањата организирани од  Македонската Медицинска Студентска Асоцијација посветени за едукација за ретки болести.
 
Петта година по ред во ООУ Димитар Поп Георхиев- Беровски- Хром се одбележува месецот на Ретките Болести.

Оваа година се одбележи со учениците од 2г и 7г одд., заедно со одд.наставник

Gordana N. Trajkoska

и Евгенија Малчов, во соработка со дефектологот Despina Kostovska, со нашиот пациент Јане Велковски и неговите другарчиња,под мотото: Сите сме еднакви!❣

Ретко е да си редок💜💙🧡 #RareDiseaseDay
Ден на ретки во училиштето на малиот пациент со ретка болест МПС 4

Сите активности на ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ се поддржани од:

Other Posts

Новости

Пиши ни

Sending your message...