Со помош на Хепар центар Битола, Општина Битола, клубот Интеракт од Битола и гимназијата Јосип Броз Тито од Битола, здружението ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ организираше повеќе настани за подигнување на јавната свест за ретките болести. Во активностите се вклучија и повеќе училишта и индивидуи кои ја дадоа својата поддршка за семејствата со ретки болести.
Активност во центар на Битола, делење маски, боење раце и споделување информации за ретки
Активност на Широк Сокак, Битола, делење на раце од хартија во боја, во поддршка на ретките болести
Осветлување на Општина Битола во боите на ретките болести
Едукативна дискусија за ретки болести и споделување на приказни на пациенти од Битола
Со моќни пораки упатени до децата со ретки болести, учениците по француски и италијански јазик од ОУ Св.Климент Охридски-Битола во соработка со учениците од Гимназијата Јосип Броз Тито-Битола, го одбележаа Денот на ретките болести, во рамките на отворен час за воннаставна активност. Целта на овој отворен час беше да се подигне јавната свест за ретките болести, како и за предизвиците со кои се соочуваат децата пациенти. Учениците испратија виртуелни балони за да дадат поддршка за нивните соученици со ретки болести.
Les bons amis t’aident à retrouver ton sourire, ton espoir et ton courage. Добрите пријатели ќе ти помогнат да ја вратиш твојата насмевка, надеж, храброст.
Ogni bambino ha diritto di essere sano.Секое дете има право да биде здраво.
Rêver seul ne reste qu’un rêve ! Rêver ensemble devient la réalité. Ако сонуваме сами, тоа е само сон. Ако сонуваме заедно, тоа станува реалност.
SIAMO TANTI, SIAMO FORTI, SIAMO RARI. Многу сме, силни сме, ретки сме.
Qui est en bonne santé, est riche sans le savoir.Оној што е здрав, е исто така богат, без да го знае тоа.
L’amore vince tutto! Љубовта победува сè!
Etre rare, c’est être fort. Да се биде редок, тоа значи да се биде силен!
“Тодор Ангелески” блесна во боите на ретките болест во знак на поддршка на луѓето кои се борат со нив
Сите активности на ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ се поддржани од: