По 15 пат, нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ и Клубот за подводни активности „Охрид“ во соработка со Сојузот за подводни активности на Македонија, ја накитија подводната елка во Охридското Езеро. Традиционално и оваа година, нуркачите елката ја поставија во езерските води кај Заливот на коските. Во подводното украсување учествуваа и најмладите членови на клубовите за нуркање.
Традиционалното китење на подводната елка оваа година охридските нуркачи го посветија на децата со ретки болести – Упативме апел за помош и истакнавме знаме за поддршка на децата со ретки болести под вода, а секако ова го правиме и за промоција на градот и Македонија и разубавување на празничната атмосфера. – изјави Горан Балески од клубот за подводни активности од Охрид.
Оваа поддршка кон ретките болести беше овозможена преку нашиот член Гордана Лолеска од Охрид.