Се одржаа предавања за наставниот кадар од следните училишта: Вера Јоциќ, Наум Наумовски Борче, Дане Крапчев, Крум Тосев. Организацијата на истите беше на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Гази Баба.
Соработката со училиштата беше на високо ниво и на дел од предавањата присуствуваа и самите директори, педагог, психолог од училиштата.
Наставниот кадар се здоби со знаење и информации за како подобро да им помага и да ги поддржува семејствата кои се соочуваат со ретка болест или со одредена попреченост и/или дисфункционалност.
Она што го забележавме беше дека во секое училиште имаше од 1 до 3 луѓе кои имаат некаков контакт со ретка болест. Имаше доста прашања и дискусија и размена на контакти со цел да се поддржат семејствата кои се соочуваат со ретка болест.
Се надеваме и понатаму да ја продолжиме соработката и да се реалзираат и дополнително настани за подогнување на јавната свест за ретките болести во Општина Гази Баба.
|