ТИ СИ РЕДОК ХЕРОЈ 2024-2025
Во рамките на кампањата „ТИ СИ РЕДОК ХЕРОЈ“, остваруваме средби со лекари од примарно и секундарно здравство низ градовите во нашата држава.

Разговараме за ретките болести кои ги дијагностицирале, за можности во однос на дијагноза, контрола, следење и терапија за пациентите, за предизвиците со кои се соочуваме и идна соработка. Споделуваме флаери и постери со цел подигнување на свеста за ретките болести со цел рана навремена дијагноза, следење и терапија на истите.
Кампањата е поддржана од Здружението на лекари по општа семејна медицина – ЗЛОМ СМ.
Сите материјали од кампањата се достапни на следниот линк на Македонски и Албански јазик:
Постери: https://drive.google.com/drive/folders/1z_I64FxAvOAmUhupXy4w_yYWMZ4cGIpw?usp=sharing
Флаери: https://drive.google.com/drive/folders/19BnQGF-QTbnslDS2XpDeo3UV7lC6og0Z?usp=sharing
