Трчаме за подобар живот! – втора година на Скопски Маратон

Трчаме за подобар живот! – втора година на Скопски Маратон

Почитувани,

Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со Предизвици“ , ќе се приклучи кон Скопскиот Маратон со група на учесници кои ќе трчаат во име на пациенти и семејства кои се соочуваат со живот со ретки болести под мотото – „ТРЧАМЕ ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ!“.

Линк до страната на Скопски Маратон – http://skopskimaraton.com.mk/ 

Линк за пријавување – http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/5km/

Забелешка: Ако се пријавувате да трчате за групата за ретки болести, во делот на група напиште ТРЧАМЕ ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ, односно – Trcame za podobar zivot  (Пријавувањето се врши со пополнување на барани податоци, име презиме, контакт телефон и е-маил, име на група и слично, се пополнува со латнични букви, не со кирилични).

Исто така испратете и до нас информација дека сте сте пријавиле да трчате за нашата група за да знаеме колку луѓе трчаме за подобaр живот. (zivotsopredizvici@gmail.com)

Имаме група за трчање на 5 километри и имаме и група за на полумаратон – 21 километар.  Благодарам на сите што се пријавуваат за да ја поддржат нашата кауза.

Во Македонија има над 18 различни ретки болести и над 200 пациенти кои боледуваат од ретка болест. За некои од овие болести постои третман и лекување, додека за други се уште сè истражува.

Сите што сакаат да ја поддржат оваа иницијатива како учесници или спонзори се добредојдени.

Како учесници се приклучија со поддршка Зружение на физиотерапевти на Македонија,ХАЕ Македонија, ХЕМОЛОГ, МОМЕНТ ПЛУС  и ДАЈТЕ НИ КРИЛЈА.

Сите учесници кои се дел од тимот на ретките болести ќе добијат и маички.

Трчаме за подобар живот / Running for better life

Трчаме за подобар живот / Running for better life

Оваа активност е поддржана од:

download     hm_logo

Other Posts

Живот со предизвици е членка на дледниве организации: (iapo.org.uk), (eurordis.org), (eurogaucher.org), (mds-alliance.org), (www.worldpompe.org), (NARB Makedonija), (apo.org.mk),