Живот со Предизвици зеде учество во Првата Национална Конференција за Ретки Болести во Србија, во Белград, од 5 до 7 Декември, 2013 во организација на Националната Организација за Ретки Болести – Србија (НОРБС). Весна Алексовска, водеше една од работилниците за Зајакнување на Пациенти и споделување на искуства заедно со Власта Змазек (Хрватска алијанса за ретки болести), Јелена Милошевиќ (Национална Организација за Ретки Болести – Србија, Мира Грујич Бројчин (Здружение за Епидермолисис Булоса,ДЕБРА, Хрватска).