Европска Пациентска Академија за Терапевтска Иновација – ЕУПАТИ

Европска Пациентска Академија за Терапевтска Иновација – ЕУПАТИ

eupati-logo-web-120px

ЕУПАТИ е тим составен од пациенти од 30 организации, предводен од Евроспкиот Форум на Пациенти, со партнери организации – Европска Генетска Алијанса, Европска Група за третман на ХИВ – СИДА и ЕУРОРДИС, универзитети и не профитни организации, експерти во јавно и пациентско делување, заедно со многу Европски фармацевтски компании. Главната заедничка цел е да им се помогне на застапниците на пациентите да бидат пообразовани и повклучени во здравствената нега.

ЕУПАТИ ќе обезбеди научни, објективни и разбирсливи информации за истражување и процес на развој на лекови. Ќе го зголеми капацитетот на ефективност на застапници на пациенти и советници во поглед на клинички студии, регулаторни институции и етички комитети. Исто така ќе им понуди на пациентите јавни информации, тренинг и едукација за здравствени прашања и проблеми.

ЕУПАТИ има цел да направи видлива разлика, покажувајќи начини за поефективно вклучување на пациентите во области како откривање на лекови, безбедност на лекови и достапност на третман. ЕУПАТИ сака да ја подигне јавната свест, свеста на пациентите и да ги направи пациентите подобри при навигација во здравствениот систем.Отркијте повеќе за ЕУПАТИ на линкот подолу.

http://www.patientsacademy.eu/index.php/en/

Првиот тренинг курс за пациенти веќе е во тек со 50 учесници од земјите во ЕВРОПА. Од Македонија имаме учесник од Живот со Предизвици. Пријавувањето е јавно достапно за сите пациенти и организации. Се надеваме дека при завршување на курсот ќе имаме можност да преедеме дел од материјалите и да реализираме тренинг сесии и во Македонија за темите кои се релевантни за пациентите во Македонија.

Следниот тренинг курс ќе започне на крај о 2015 година, кога ќе заврши првиот.

Other Posts

Новости

Пиши ни

Sending your message...