Интернационален Ден на Гоше

Интернационален Ден на Гоше

Одбележување на Интернационалниот Ден на Гоше

25 јули (петок) 2014,  Скопје, Р. Македонија

10:30 – 11:30 часот

Почитувани,

Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“ – Битола, ќе го одбележи 26 јули, Интернационалниот Ден на Гоше, за прв пат оваа година лансиран од страна на Европската Гоше Алијанса. Денот означува 160 години од раѓањето на Филип Чарлс Ернест Гоше, роден во Франција, на 26 јули, 1854 година.

DSC01375

За подигнување на јавната свест, Живот со Предизвици, организира возење со велосипед, со поддршка на Град Скопје, НаТочак , То4ак и Гензим – Санофи Авентис. Настанот е на 25 јули, петок, со почеток во 10:30 часот од паркот Јане Сандански и со крајна точка – Жена Парк (мапа- http://0.mk/VozenjeGOUCHER)  каде ќе се одржи кратка прес конференција во 11:00 часот, на која свои излагања ќе имаат и поканети почесни членови и поддржувачи на Живот со Предизвици.

gaucher

Овој ден го одбележуваме а да ја подигнеме јавната свест за децата и возрасните кои страдаат од Болест на Гоше низ светот. Во Македонија има 11 пациенти со оваа болест, од кои 2 деца и 2 возрасни се на донација и еден возрасен е на клиничка студија, додека 1 дете се лечи преку програмата за ретки болести на Р. Македонија при Министерство за Здравство.

DSC01385

Со развојот на Ензимско Заменската Терапија во 1991 година се означи почетокот на спасувачки третман за многу Гоше пациенти. До ден денес сè уште има многу земји во светот каде пациентите не можат да добијат терапија бидејќи нивните држави немаат програми за рефундирање или не се во можност да ги поддржат сите пациенти кои имаат потреба од третман. Затоа Европската Гоше Алијанса го лансира одбележувањето на овој ден со цел за:

  • Подигнување на свеста за постоењето на Болеста на Гоше, знаците и симптомите кои се појавуваат, за да се осигури рана дијагноза и ран третман и да се избегне погрешно дијагностицирање и погрешна терапија.
  • Подигнување на јавната свест за достапните третмани.
  • Акцентирање на значењето за понатамошно истражување на болеста.
  • Подигнување на јавната свест за трагедијата на многубројните пациенти во цел свет кои не добиваат терапија.

Интернационалниот Ден на Гоше ќе се одбележи низ 40 земји во светот заедно со пациенти, семејства, доктори, медицински професионалци, научници и други кои ги поддржуваат нашите цели.

Euro Gaucher Alliance Banner_1024px AW

Искрено,

Весна Алексовска,

Претседател на Здружение на граѓани за ретки болести

ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ Битола

Контакт: 070 705 446, vesna.stojmirova@gmail.com, zivotsopredizvici@gmail.com

Other Posts

Новости

Пиши ни

Sending your message...