ЖСП

Во текот на изминатиот период, организацијата Life with Challenges имаше можност да го угости Стефан Живковиќ од Националната организација за ретки болести на Србија (NORBS), во рамките на mobility проект поддржан од Western Balkans Fund.

Посетата беше реализирана со цел зајакнување на регионалната соработка помеѓу организациите кои работат во областа на ретките болести, преку размена на искуства и разговори за клучните предизвици со кои се соочуваат пациентите и нивните семејства.

За време на состанокот се разговараше за улогата на пациентските организации во системот, соработката со институциите, како и за можностите за унапредување на регионалната соработка и заедничко делување во иднина.