Дополнителна трета доза вакцина за КОВИД 19 за ретки болести

Дополнителна трета доза вакцина за КОВИД 19 за ретки болести

Соопштение од ЕУРОРДИС

Заедницата на ретки болести повикува на примање на дополнителни дози на вакцина против КОВИД-19 за да се заштитат најранливите и да се усвојат дополнителни мерки за вакцинирање на поголем број на европски граѓани

13 октомври 2021, Париз – ЕУРОРДИС – европско здружение за ретки болести ги повикува креаторите на национална политика да разгледаат примање на бустер дози на вакцина за луѓе чиј имунолошки систем не одговорил целосно на првата доза, вклучувајќи и луѓе кои живеат со ретка болест, како и да се применат и дополнителни мерки за да се поттикнат повеќе граѓани да се вакцинираат против КОВИД-19.

Луѓето со умерена или тешка имунодефициенција, вклучувајќи ги примателите на трансплантирани органи, пациентите на дијализа, луѓето кои живеат со рак и со некои ретки болести, може да го немаат истото ниво на имунитет со дводозните вакцини во споредба со оние кои не се имунокомпромитирани.

Во овој поглед, клучно е националните власти низ Европа да разгледаат трета, па дури и четврта доза на вакцината против КОВИД-19, кога е соодветно, како продолжение на примарниот вакцинален тек за луѓе со ослабени имунолошки системи. Иако во некои земји веќе работи системот, ЕУРОРДИС изразува грижа дека многу помалку луѓе ја искористиле оваа мерка.

Треба да се размисли за давање на дополнителна доза на вакцината против КОВИД-19 за негуватели и даватели на здравствена заштита кои се во директен контакт со луѓе со умерени или тешки имунолошки состојби.

За пациентите кои остануваат ранливи на вирусот и после третата или четвртата доза, ЕУРОРДИС ги повикува здравствените власти да разгледаат примена на моноклонални антитела како профилакса пред, или после изложување на вирусот, како што е веќе одлучено во некои земји на сочувствителна основа, во очекување на евалуација на доказите.

Меѓутоа, ова не треба да влијае на обврската на земјите членки на ЕУ да донираат 200 милиони дози вакцини на КОВАКС и АВАТ механизмите.

Според проценката на епидемиолошките модели за зимскиот бран во Европа до декември 2021 година, забрзувањето на дневното темпо на примарна вакцинација е од особено значење. Висок процент на вакцинација на населението ќе обезбеди солидна заштита за оние кои имаат помал имун одговор на вакцината или оние кои не смеат да ја примат.

Повеќе од 63% од европејците се вакцинирани против КОВИД-19, со што ЕУ е една од глобалните лидери во број на вакцинирани жители. Меѓутоа, одблиску, Источна Европа очигледно заостанува во процесот на вакцинација, односно, пет земји имаат помалку од 40% целосно заштитени граѓани. Бидејќи Делта варијантата циркулира со голема брзина низ регионот, најрано во јануари 2022 може да се доживее зголемување на зафатеност на кревети на интензивна нега и смртност поврзана со КОВИД-19, како и ограничувања на движењето во рамки на ЕУ. Ова може дополнително да ја раздалечи поделбата Исток-Запад и да го поткопа тешко постигнатиот напредок.

Додека механизмот за дистрибуција на вакцини на ЕУ продолжува да функционира и да ги доставува потребните дози, побарувачката е намалена. Постои итна потреба за земјите членки на ЕУ, особено оние земји што заостануваат со примарниот тек на вакцинација, да го ревидираат пристапот кон вакцинацијата, преземајќи дополнителни мерки за да се поттикнат повеќе луѓе да се вакцинираат за да може да се затвори вакциналниот јаз Исток-Запад и да спласне епидемијата.

Земајќи ја предвид зголемената заразност на вирусот, треба да се осигураме дека сите Европејци се заштитени, без разлика на местото на живеење.

Европските земји, колективно, треба да обезбедат дополнителни дози за оние кои се изложени на висок ризик од развивање на тешка болест на КОВИД-19, додека го забрзуваат темпото на вакцинација и ги споделуваат дозите со земји кои се соочуваат со бариери за пристап до вакцини.

 

Листа на референци:

Бенедикт С. и други, „Пациентите на хемодијализа покажуваат високо намален одговор на антитела по вакцинација против КОВИД-19 со мРНК вакцина во споредба со здрави контроли“,medRxiv 2021.03.26.21254259; doi: https://doi.org/10.1101/2021.03.26.21254259

Бојарски БЈ, Вербел ВА, Ејвори РК и други, „Имуногеност на една доза на мРНК вакцина против САРС-КоВ-2 кај приматели на трансплантирани цврсти органи“. ЈАМА. Објавено на 15.03.2021, doi:10.1001/jama.2021.4385

Бојарски БЈ и други, „Одговор на антитела од една доза на мРНК вакцина против САРС-КоВ-2 кај пациенти со ревматски и мускулоскелетни болести“.ttp://dx.doi.org/10.1136/annrheumdis-2021-220289

ЕУРОРДИС – Европско здружение на ретки болести

ЕУРОРДИС – Европско здружение на ретки болести е единствено, непрофитно здружение на 974 организации на пациенти со ретки болести од 74 земји коишто заедно соработуваат да ги подобрат животите на 30 милиони луѓе во Европа кои живеат со ретка болест.

Со поврзување на пациенти, семејства и групи на пациенти, како и со зближување на сите засегнати страни и мобилизирање на заедницата за ретки болести, ЕУРОРДИС го зајакнува гласот на пациентите и ги оформува истражувањата, политиките и услугите за пациентите. Следете ги на @eurordis или Фејсбук страницата EURORDIS. За повеќе информации посетете ја веб-страницата eurordis.org.

Ретки болести

Европската Унија ја смета болеста за ретка кога ја има 1 во 2000 жители. До денес се идентификувани над 6000 различни ретки болести, кои ги имаат околу 30 милиони луѓе во Европа и 300 милиони луѓе на светско ниво. Поради ниската преваленца на секоја болест, медицинската експертиза е ретка, знаењето е недоволно, давањето на грижа е несоодветно, а истражувањето ограничено. И покрај нивната голема бројка, пациентите со ретки болести се сираци на здравствените системи во земјите, кадешто често им се одбиени дијагнозата, третманот и придобивките од истражувањата.

Other Posts

Новости

Пиши ни

Sending your message...