Животот е сложувалка да ја составиме заедно за детската радост

Животот е сложувалка да ја составиме заедно за детската радост

Здружение на граѓани за ретки болести ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ Битола во соработка со ЈУДГ Детска Радост Скопје, започна серија на предавања во однос на ректи болести и посебни потреби под наслов на проектот Животот е сложувалка да ја составиме заедно за детската радост. Благодарни сме што градинката и Општината Гази Баба излегоа во пресрет за реализација на овој проект кој е почеток на идни активности на поле на образование. Ова е една пилот програма со која сакаме да ја поттикнеме едукацијата на образовните работници во однос на специфичните потреби на семејствата со ретки болести и секако да поттикнеме дискусија околу соодветна инклузија на децата со ретки болести во предшколска и школска возраст.

poster

Се надеваме дека овој проект ќе развие соработка на здружението со образовните работници, бидејќи како што секогаш кажуваме важна е соработка на секое ниво за подобар квалитет на живот на семејствата со ретки болести.

flaer 1

flaer 2

Проектот е воглавно поддржан од Општина Гази Баба. Здружението е исто поддржано и од Гензиме и Целгене за реализација на проектот.

Прва работилница која се одржа од серијата на работилници беше на 03.03.2015 година од логопедот  Нада Спанџевска и тоа со тема за откривање,дијагностика и третман на говорни растројства кај децата, почнувајќи од најраната возраст отстапувања во вербалната (говорна-јазична) комуникација во:

– рецептивниот говор (говорна перцепција и сфаќањето на говорот);

– експресивниот говор (изговорот, лексиката, граматичко-синтактичката и семантичката структура на јазикот, прозодиските квалитети, флуентноста на ритамот и темпото, квалитетот на гласот, како и читањето и пишувањето).

 Цел на презентацијата беше:

  1. 1.     Запознавање на родителите со работата на логопедот во предучилишната установа

–          Детектирање на децата со логопедски нарушувања

–          Начинот на работа со деца кои имаат говорно – јазични нарушувања и очекувањата и резултатите од работата.

  1. 2.     Запознавање на родителите со најчестите логопедски нарушувања во предучилишната возраст

–          Давање насоки на родителите како да откријат евентуални нарушувања во говорниот и изразниот јазик кај сопствените деца

–          Давање совети на родителите како во домашни услови да го стимулират говорот кај своите деца и евентуално да работат на корегирањето на постоечките проблеми.

  1. 3.     Содржината на презентацијата беше информативна и илустративна за воспитниот кадар во градинката.

image-99fb3ca9362af32ce536bc09e74c675bdf981784bd3da3510ba13748cccbfbe5-V  image-ff1d381189560e1dea8efd7e69e1771a6288a7809ee412b2de78573f3d8d0493-V       image-3e15ef80a51944345a09d60acf9662c5879994baf67eb018afd8943dcdc72e93-Vimage-d33bfcdd974d16e6599ee0adf97e5aede8fa3b78e2c9e95ceb6dda268f989f67-V

Втората работилница се одржа на 28 арпил, 2015, на тема ретки болести и посебни потреби од страна на Весна Алексовска.

Целта на оваа работилница беше запознавање на пристуните со терминот ретка болест, со влијанието на ретките болести врз семејствата и изнаоѓање на начини на помош и поддршка на семејствата.

Теми на работилницата:

  • Што се ретки болести?
  • Кои ретки болести ги има во Р. Македонија?
  • Какви посебни потреби имаат децата со ретки болести во Р. Македонија?
  • Како да им помогнете на децата и родителите кои се соочуваат со ретка болест?
  • Дискусија и прашања од учесниците на работилницата.

DSC01461 (640x480) DSC01458 (640x466) DSC01450 (640x235) DSC01447 (640x252)                    DSC01437 (522x640) DSC01452 (640x472)

Третата по ред работилница се одржа на 12 мај, 2015 година на тема Водич низ стрес во комуникација на ретки болести.

Сите знаеме дека е важно да се грижиме за себе, но во денешно време кога цело време сме зафатени и не е секогаш лесно. Кога се грижите пак за уште некој, особено ако има некоја ретка болест, тогаш предизвикот е уште поголем.

Да се грижиш за некој кој има состојба на дисабилитет побарува многу и токму затоа е уште поважно да се грижите за самите себе. На тој начин ќе може да бидеме способни да се грижиме и за своите семејства на долг рок.

Да се грижите за себе е важен дел од грижата за другите. Како се чувствуваме е важно бидејќи влијае на психолошкото и физичкото здравје. Тоа има влијание и на другите околу нас.

Мали, практични нешта може да направат голема разлика. Овој водич содржи неколку брзи и едноставни идеи за кои се покажало дека навистина прават разлика во однос на нашата добро – состојба и на добро – состојбата на луѓето околу нас.

DSC01482 (640x480) DSC01487 (640x480) DSC01488 (640x310)

Other Posts

Новости

Пиши ни

Sending your message...