info@challenges.mk | 070 705 446

Гушни ја реткоста

Гушни ја реткоста

Изложбата беше подготвена за Денот на Ретки Болести, 2015 година, од страна на платформата за активизам, „Лице в лице“, во соработка со „Холистик“, со поддршка на организацијата „Живот со предизвици“ и со Националната алијанса за ретки болести на Република Македонија.

Огнен Јанески и Аземина Куртиши

Вив­ну­ва­ње

Азе­ми­на е прв па­ци­ент со ди­јаг­но­сти­ци­ра­на ре­тка бо­лест на Го­ше, ко­ја до­би со­од­вет­на те­ра­пи­ја од др­жа­ва­та.

Без неа, оваа бо­лест во крај­на­та фа­за го до­ве­ду­ва па­ци­ен­тот до со­стој­ба во ко­ја не мо­же да се дви­жи, со те­го­би и зде­бе­лу­ва­ња на цр­ни­от дроб, осте­о­по­ро­за и со пред­ви­ден кра­ток век на жи­вот.
На­вре­ме­на ди­јаг­но­за и со­од­вет­на те­ра­пи­ја, и жи­во­тот што бил за­гро­зен до­би­ва ра­ке­тен по­гон до­во­лен да ги до­стиг­не ѕвез­ди­те.

Azemina i Ognen

Ана–Ма­ри­ја и Ве­ра Ми­ло­шев­ска
Гуш­ни ја ре­тко­ста!

За­ба­ве­но рас­те­ње, на­ру­ше­на ко­ор­ди­на­ци­ја, ди­ше­ње, на­ма­ле­ни ко­му­ни­ка­ци­ски и ког­ни­тив­ни спо­соб­но­сти се ка­ра­кте­ри­сти­ка на син­дро­мот РЕТ, бо­ле­ста што го на­па­ѓа са­мо жен­ски­от пол.
Бо­и­те во се­којд­не­ви­е­то на Ана-Ма­ри­ја е те­шко да се за­мис­лат.
На­ши­ов свет, пак, низ неј­зи­ни­те очи, се чи­ни, е мал­ку по­пред­вид­лив. Не­за­ин­те­ре­си­ран, не­ин­фор­ми­ран, сту­ден. Ли­ца, ре­чи­си без­жи­вот­ни.
За приб­ли­жу­ва­ње на два­та све­та до­вол­ни се пре­гра­тка, пог­лед, раз­би­ра­ње.

Ana Marija i Verce

Мар­ко Новески и Ан­дреј Арсов
Дај по­бр­зај!

Долг и искр­шен е па­тот на ли­ца­та со ре­тки бо­ле­сти низ ла­ви­рин­ти­те во кои се бо­рат за ви­стин­ска­та ди­јаг­но­за, на ко­ја, по­не­ко­гаш, че­ка­ат и по не­кол­ку го­ди­ни.

На Ан­дреј, син­дро­мот на Ала­жил, бо­лест што ги за­фа­ќа жолч­ни­те ка­на­ли, цр­ни­от дроб, ср­це­то и дру­ги­те ор­га­ни, му бил ди­јаг­но­сти­ци­ран уште по пр­ви­те два ме­се­ца од симп­то­ми­те на бо­ле­ста.

Тој и Мар­ко низ сво­ја­та игра, што на са­мо­то ме­сто ја из­мис­ли­ја и ја на­ре­коа „Збун­ка“, по­ви­ку­ва­ат на ини­ци­ја­ти­ви за ед­на­ков ус­пех во ди­јаг­но­сти­ка­та на ре­тки­те бо­ле­сти.

Andrej i Marko

Ива Пе­трев­ска и Да­ни Димитровска

Ѕвончe во ме­ур од са­пу­ни­ца
И сла­би­от до­пир, при­ти­сок, ма­ла­та по­вре­да или гре­ба­ни­ца се го­ле­ма за­ка­на за ко­жа­та на Ива, неж­на ка­ко ме­ур од са­пу­ни­ца. Нај­ма­ли­те актив­но­сти во неј­зи­но­то дет­ско се­којд­не­вие се при­чи­на за соз­да­ва­ње бол­ни ра­ни по те­ло­то, кои ба­ра­ат по­сто­ја­на гри­жа и пре­вр­ски, но че­сто е за­фа­те­на и слу­зо­ко­жа­та на вна­треш­ни­те ор­га­ни.
Во мо­мен­тов не по­стои офи­ци­јал­на те­ра­пи­ја за епи­дер­мо­ли­зис бу­ло­са.Iva i Dani

Ви­ктор Ди­ми­три­јо­ски и Бу­бо Ка­ров

Па­ла­чин­ки? Не, бла­го­да­рам

Ви­ктор по сво­јот изг­лед и по сво­и­те ин­те­ре­си во­оп­што не се раз­ли­ку­ва од врс­ни­ци­те, но се раз­ли­ку­ва по не­што дру­го. Тој ни­ко­гаш во сво­јот жи­вот не про­бал чо­ко­ла­да, па­ла­чин­ки, сла­до­лед, оре­ви, јај­ца, со­ја, ме­со или бел леб. Од са­мо­то ра­ѓа­ње е на спе­ци­ја­лен ре­жим на ис­хра­на, ко­ја е иск­лу­чи­тел­но ска­пa. Не­мож­но­ста не­го­ви­от ор­га­ни­зам да се со­о­чи со вне­се­ни­те про­те­и­ни на во­о­би­ча­ен на­чин, го пра­ви нер­во­зен, бе­сен, агре­си­вен и плаш­лив од ме­ста со мно­гу лу­ѓе, а во од­ми­нат ста­ди­ум, бо­ле­ста фе­нил­ке­то­ну­ри­ја мо­же да до­ве­де до фи­зич­ка и до мен­тал­на ре­тар­да­ци­ја.

Bubo i Viktor

Ѓур­ѓи­ца Ка­е­ва и Бе­ни
„Си­ни ус­ни“

Кис­ло­ро­дот е лу­ксуз, ка­ко што ве­ли са­ма­та. И нај­мал фи­зич­ки на­пор, че­ко­ре­ње, ка­чу­ва­ње по ска­ли­ла, го за­ро­бу­ва зди­вот на Ѓур­ѓи­ца, а си­ни­те ус­ни се пр­ва­та при­друж­на по­ја­ва на оваа бо­лест.
Пул­мо­нал­на­та хи­пер­тен­зи­ја е те­шка, про­гре­сив­на бо­лест, ко­ја пр­во ја за­гро­зу­ва ра­бо­та­та на бе­ли­те дро­бо­ви, а по­тоа и на ср­це­то.
Ста­ну­ва збор за бо­лест што ги по­го­ду­ва ре­чи­си си­те во­зра­сти, а ле­ку­ва­ње­то е мно­гу ска­по.
Бо­ле­ста не из­би­ра во­зраст, мо­же да е вро­де­на или здо­би­е­на.

Gjurgjica i Beni

Де­јан Ан­ѓе­ле­ски и Ин­ди­ра Ка­стра­то­виќ

Пре­диз­вик

Ото­ци­те на раз­лич­ни ме­ста на те­ло­то на Де­јан го пра­ват не­го­во­то се­којд­не­вие крај­но комп­ли­ку­ва­но. На­јед­но­став­ни­те по­те­зи мо­жат да би­дат ек­стрем­но болни, а во­о­би­ча­е­ни­те актив­но­сти – не­воз­мож­ни да се из­вр­шат. Не­кои од ото­ци­те мо­жат да би­дат жи­во­то­за­гро­зу­вач­ки, осо­бе­но тие на гр­ло­то или на рес­пи­ра­тор­ни­от тракт. Пр­ви­те зна­ци на бо­ле­ста  ХАЕ мо­же да се ја­ват во дет­ство­то и/или во адо­лес­цен­ци­ја­та. До­се­га не е откри­ен лек за ова за­бо­лу­ва­ње за кое, иа­ко е ре­тко, по­сто­јат те­ра­пии за трет­ман, од кои, за жал, ни­ту ед­на не е до­стап­на во Ма­ке­до­ни­ја.

Indira i Dejan

Пе­це, Мар­та и Ви­кто­ри­ја
Бенд

По­ра­ди бо­ле­ста ФОП, му­ску­ли­те на Ви­кто­ри­ја се пре­тво­ра­ат во ко­ски и таа се­га е фи­кси­ра­на во опре­де­ле­на по­зи­ци­ја во сво­ја­та еле­ктрон­ска ко­лич­ка.

При Штрумп­фе­ло­ви­от син­дром, пак, му­ску­ли­те атро­фи­ра­ат, а та­ка дви­же­ње­то ѝ ста­ну­ва сѐ по­те­шко на Мар­та.

Овие пре­крас­ни де­вој­ки со кла­сич­ни ин­те­ре­си на ти­неј­џер­ки ја са­ка­ат му­зи­ка­та, по­сто­ја­но се на „Фејс­бук“ и на „Вај­бер“ и ужи­ваа во шмин­ка­ње­то и во пе­е­ње­то за за­ед­нич­ка­та, рас­пе­а­на фо­то­гра­фи­ја со Пе­це.

Viktorija, Marta i Pece

Слав­че Шо­пов­ски и То­ни Зен
Тре­пе­ре­ње
На­ру­ше­на ко­ор­ди­на­ци­ја, тре­пе­ре­ње на ра­це­те и дру­ги не­кон­тро­ли­ра­ни дви­же­ња се пос­ле­ди­ца на Вил­со­но­ва­та бо­лест од ко­ја во Ма­ке­до­ни­ја стра­да­ат 15 лу­ѓе, а се по­ја­ву­ва ме­ѓу ше­ста­та и 12-тата го­ди­на од жи­во­тот.

Ор­га­низ­мот на Слав­че ме­сто да го исфр­ла ви­шо­кот ба­кар, кој кле­тки­те го ко­ри­стат за жи­вот­ни функ­ции, го та­ло­жи во цр­ни­от дроб соз­да­вај­ќи сло­бод­ни ра­ди­ка­ли, кои пре­диз­ви­ку­ва­ат проб­ле­ми на дру­ги­те ор­га­ни и на мо­зо­кот.

Тој не смее да спор­ту­ва, а пре­па­ра­ти­те што мо­ра да ги зе­ма не се на по­зи­тив­на­та ли­ста на ле­ко­ви, ни­ту, пак, се ре­ги­стри­ра­ни во зем­ја­ва.

Slavche i Toni Zen

Вес­на Але­ксов­ска и Та­ња Ко­кев
Ди­стан­ца

Са­мо мал­ку по­е­нер­гич­на пре­гра­тка бе­ше до­вол­на при­чи­на за по­ја­ва на скр­ше­на ко­ска или мо­дрин­ка на неј­зи­но­то те­ло.

Не­до­сти­гот од ен­зим до­ве­ду­ва до на­та­ло­жу­ва­ње на гоше-клетките во ор­га­ни­те и во ко­ске­на­та ср­це­ви­на. По­ра­ди тоа, ор­га­ни­те се зго­ле­му­ва­ат, а ко­ски­те се под­лож­ни на фра­кту­ри. Мо­дрин­ки, за­мор, не­све­сти­ца се се­којд­нев­ни воз­мож­ни симп­то­ми на ли­ца­та со не­тре­ти­ра­на бо­лест на Го­ше.
Вес­на пет го­ди­ни е на те­ра­пи­ја, има ста­би­ли­зи­ра­на со­стој­ба и во­ди со­се­ма нор­ма­лен жи­вот.

Vesna i Tanja

Бо­јан Чун­де и Ре­бе­ка
1:10.000

Хе­мо­фи­ли­ја­та не мо­же да се пре­не­се ка­ко на­стин­ка би­деј­ќи нај­че­сто е нас­лед­на или на­ста­ну­ва со ге­нет­ска про­ме­на.

Ако се по­вре­ди, ра­на­та на Бо­јан не­ма да кр­ва­ви по­бр­зо, ту­ку по­дол­го од во­о­би­ча­е­но­то, по­ра­ди сла­би­от фа­ктор на ко­а­гу­ла­ци­ја на про­те­и­нот од­го­во­рен за згрут­чу­ва­ње­то на кр­вта. Бо­ле­ста се ја­ву­ва кај еден од 10.000 лу­ѓе и се ка­ра­кте­ри­зи­ра со дол­ги вна­треш­ни и над­во­реш­ни кр­ва­ве­ња.

Во Ма­ке­до­ни­ја има око­лу 300 ре­ги­стри­ра­ни ли­ца со хе­мо­фи­ли­ја.

Bojan i Rebeka

Игор Пар­ма­ков­ски и Кри­сти­на Ар­на­у­до­ва
Те раз­би­рам!
Бол­ка, не­при­јат­ност и проб­ле­ми со ва­ре­ње­то на хра­на­та се глав­ни­те пос­ле­ди­ци што ги чув­ству­ва Игор со­о­чу­вај­ќи се со Кро­но­ва­та бо­лест, ко­ја се ма­ни­фе­сти­ра со вос­па­лу­ва­ње и со по­те­ку­ва­ње на ди­ге­стив­ни­от тракт. Нај­го­лем дел од симп­то­ми­те на оваа бо­лест го за­фа­ќа га­стро­ин­те­сти­нал­ни­от си­стем, од уста­та до кра­јот на де­бе­ло­то цре­во, но од па­ци­ен­ти­те се при­ја­ве­ни и симп­то­ми што вли­ја­ат на мо­зо­кот и на нерв­ни­от си­стем.

Се ве­ру­ва де­ка от­стра­ну­ва­ње­то на де­бе­ло­то цре­во е лек за па­ци­ен­ти­те со ул­це­ро­зен ко­ли­тис. Но, опе­ра­тив­ни­отза­фат е „лек“ отка­ко кон­вен­ци­о­нал­ни­те ме­то­ди на ле­ку­ва­ње не но­сат по­до­бру­ва­ње на со­стој­ба­та.

Igor i Kristina

Other Posts

Новости

Пиши ни

Sending your message...